Ве известувам дека на ден 27.08.2010 година со почеток во 09.00 часот ќе се одржи седница на Наставнички совет, истата се предвидува да трае два часа и присуството е задолжително. Дневниот ред е објавен на огласна табла во училиштето.
Ве известувам дека на ден 30.08.2010 година со почеток во 18.00 часот ќе се одржи состанок на Училишен одбор. Дневниот ред за состанокот ќе го добиете во прилог на поканата која ќе ви биде испратена од страна на училиштето.
Учебната 2010/11 година започнува на 01.09.2010 година
Уписот на учениците за петто одделение започнува од 25.08.2010 година и ќе трае до 31.08.2010 година , секој работен ден од 08.00 до 14.00 часот во просториите на училиштето.
Потребни документи за упис :
Извод од матична книга на родените
Свидетелство за завршено четврто одделение
3.Во прва смена од 7.30 часот настава ќе посетуваат учениците од петто до осмо одделение
4.Во втора смена од 13.30 часот настава ќе посетуваат учениците од прво до четврто одделение
5.Состанок на Совет на родители ќе се одржи на 30.08.2010 година во 16.30 часот.Се молат членовите на Совет на родители задолжително да присуствуваат на состанокот.
Дневен ред на состанокот :
Донесување на Деловник за работа на Совет на родители
Разгледување на Годишната програма за работа за училиштето за учебната 2010/11 година
Разгледување на Извештај за работа на училиштето во учебната 2009/10 година
Тековни активности
На сите родители и ученици им посакувам среќен почеток на учебната година
Последно освежено на Вторник, 24 Август 2010 22:13
Најава на системот 2
Барање за пристап
Сите заинтересирани родители кои сакаат да го користат порталот и да пристапат до заштитените содржини, пожелно е да дојдат во училиштето и да пополнат барање. Со тоа ќе добијат корисничко име и лозинка (шифра) за пристап. За да се избегнат злоупотреби, барањето се пополнува лично во просториите на училиштето.
Од администраторите
Стари (одминати) документи
Стари, одминати, неважечки документи, поврзани со настани на кои им истекол рокот или датумот на важење, завршени настани, написи кои не се актуелни или се одминати, а сепак Ви требаат, може да ги најдете во Архивата долу десно.
Посетете го нашето училиште
Ставете ја Вашата адреса и ние ќе го испланираме Вашиот пат до нас